Top Sport

Погба се враќа на тренинзи следната недела

Конечно, добри вести за навивачите на Јувентус, откако „Ла газета дело спорт“ објави дека Пол Погба влегува во последниот период од рехабилитацијата од неговата повреда и веќе од следната недела почнува со тренинзи.

29-годишниот Погба се врати во Торино како слободен играч по крајот на договорот со Манчестер јунајтед, потпишувајќи богат четиригодишен договор, но камбекот не започна како што треба, откако тој се повреди на тренинзи и мораше да оди на операција на коленото и беше без настап во официјални мечеви оваа сезона.

Според „Газета“, Погба по почетокот на тренинзите најверојатно ќе го пропушти мечот со Емполи на 21 октомври, но може да биде дел од мечот против Бенфика во Лигата на шампионите на 25 октомври. Тоа ќе биде одлична вест за тимот на Макс Алегри, кој разочарува со резултатите во новата сезона.

Scroll to Top