Top Sport

Раперот Дрејк стави 600.000 евра за победа на Арсенал и Барселона

Канадскиот рапер Дрејк, откако на „Ел класико“ ќе му биде оддадена почит така што неговото лого ќе биде на дресовите на Барселона си ја направи неделата поинтересна откако постави 833.333 канадски долари (околу 600.000 евра) на победи на каталонскиот клуб, но и на Арсенал.

Тој може да добие речиси 4 милиони канадски долари (3.900.002) доколку му се „погоди“ неделата, иако нема најдобра историја со спортското обложување на УФЦ борби.

Арсенал гостува кај Лидс и е фаворит за победа по фантастичниот старт на сезоната, додека од друга страна обложувањето на „Ел класико“, никогаш не е толку едноставно.

Сепак, двата клуба ќе се обидат да ја избегнат таканаречената „клетва на Дрејк“, откако на Интернет се појави теорија дека ако Дрејк те поддржува, ти ќе загубиш, нешто што претходно се случи на ПСЖ, Арсенал, Ентони Џошуа и Конор Мекгрегор од 2019 година наваму.

Scroll to Top