Ѕвездата на Манчестер јунајтед, Пол Погба се пофали со бизарна маска за „освежување и подмладување“ на лицето од 2.000 фунти.
Французинот, кој заработува околу 165.000 фунти неделно на „Олд Трафорд“, ја покажа „Опера ЛЕД“ маската за „безболно освежување на кожата и третман на лицето и маската“ на Инстаграм пред дуелот со Дерби Каунти во ФА купот в петок. Маската ги ублажува ефектите на стареењето и оштетувањето од сонцето, а помага и во генерирањето на витамин Д и серотонин.
Останува нејасно зошто на Погба, кој има само 24 години, му е потребна маска против стареење.
Paul Pogba tries out £2,000 LED face mask ahead of FA Cup clash against Derby County https://t.co/8eo2Aqiy7Z pic.twitter.com/PigZEJ9VDL
— MailOnline Sport (@MailSport) January 4, 2018