Top Sport

Погба тренира сам во старата вила на Кристијано Роналдо

Асот на Јувентус, Пол Погба тренира сам во вилата која претходно беше во сопственост на Кристијано Роналдо во исчекување на конечна одлука за неговиот позитивен допинг-тест, тврди „Ла газета дело спорт“.

Французинот живее на релација Париз-Торино по позитивниот тест и условната суспензија, и сега мора да почека до 5 октомври да ги добие податоците за анализата на Б-тестот, кој го даде на 20 август. Погба од 11 септември немал контакт со медицинскиот тим на Јувентус, по што доби кратење на платата на 40.000 евра годишно, минимум според неговиот договор, а почна истрага за додатоците за исхрана кои ги купил по совет на американски доктор.

Кога е во Италија, Погба не оди во тренинг-центарот на Јуве, туку работи во вилата во близината на Торино, каде што претходно играше неговиот поранешен соиграч Роналдо.

Scroll to Top