Top Sport

Хери Кејн за Манчестер јунaјтед: Среќен сум што го избрав Баерн

Хери Кејн открива дека имал „разговори со неколку клубови“ во текот на летниот преоден рок кога беше запрашан за интересот на Манчестер јунајтед, но додава дека е „среќен“ што го избрал Баерн Минхен.

Кејн си замина од Тотенхем за 100 милиони фунти и ќе се судри со Манчестер јунјтед во Лигата на шампионите на „Алијанц арената“ во среда. Јунајтед не дадоа официјална понуда за Англчичанецот, и наместо тоа го донесоа данскиот напаѓач Расмус Хојлунд.

„Секако, во текот на летото знаев дека имаше разговори со неколку клубови во заднина, но Баерн беа тим за кој бев навистина заинтересиран и немаше многу двоумење за мојот избор. Кога дојдоа тие, требаше да ја завршат работата со Тотенхем. Мојот фокус е тука, секако Манчестер јунајтед се голем тим, навистина голем тим, но одлучив да дојдам тука и среќен сум во Минхен“, вели Кејн.

Тој исто така зборуваше за можноста да игра против својот соиграч од репрезентацијата, Хери Мегваер.

„Сум играл и претходно против соиграчи од Англија и кога си на теренот сакаш само најдобро за својот тим. Мислам дека Хери беше под непотребни критики во последно време, тој ми е добар пријател и е одличен професионалец“, додава Кејн.

Scroll to Top