И покрај тоа што беше дел од составот кој со 4:0 го победи Челси на стартот на сезоната, ѕвездата на Манчестер јунајтед, Пол Погба признава дека постои „знак прашалник“ околу неговата иднина на „Олд Трафорд“.
Ова доаѓа по шпекулациите кои траат цело лето за негов потенцијален трансфер во Реал Мадрид или Јувентус, но Оле Гунар Солскјер го пофали „професионалниот“ Погба откако тој ги намести третиот и четвртиот гол против Челси. Но, Погба вели дека „само времето ќе покаже“ дали ќе остане во тимот.
„Секогаш е добро кога се игра фудбал. Ги правам работите кои ги сакам и тоа е мојата работа. Секогаш го давам максимумот на теренот. Свесен сум за работите кои се кажаа, но времето ќе покаже. Секогаш постои тој прашалник. Сега сум во Манчестер ,се забавувам со моите соиграчи и сакам да победувам“, вели Погба.
Иако англискиот преоден рок заврши во четвртокот, англиските клубови смеат да продаваат до крајот на европскиот преоден рок на 2 септември.