Top Sport

„Поголеми се шансите да видите вонземјанин отколку пораз на Хајдук“

Хрватските медиуми се индиректни виновници за сензационалната елиминација на Хајдук во првото коло, во Лига Европа. Синоќа екипата од Малта, Гзира, го шокираше „Пољуд“ и со победата 3:1. Малтежаните се пласираа во втората рунда бидејќи постигнаа повеќе голови на гостински терен. Првиот меч на Малта заврши со победа на Хајдок 2:0.

Тренерот на Гзира, Италијанецот Џовани Тедеско (поранешен играч на Фиорентина, Палермо, Џенова…) рекол дека неговиот тим добил инспирација од написите во хрватските медиуми.

„Бев подготвен дека ќе испаднеме, а потоа ги видов навредувачките написи во медиумите. Не одат така тие работи, весниците ги залепив во соблекувалната. Пишуваше дека ќе примиме многу голови, се споменуваа вонземјани. Подобар мотив не ни беше потребен. Сите наслови ги преведовме“, рекол Тедеско.

„Поголеми се шансите да видите вонземјани отколку да видите пораз на „белите“, е еден од насловите што ги мотивирале играчите на Гзира.

„Потребна ни е голеада! Ќе можете да го направите тоа? Секако дека ќе можете. Но тие што ќе излезат на теренот ќе мора да пружат 200 отсто од можностите“, викал во соблекувалната тренерот на Гзира.

Малтежаните до историската победа дојдоа во 96 минута, кога Коне го постигна својот втор гол на натпреварот.

„Ова е историска победа за Гзира и за мене како тренер. Победивме голем клуб“, заклучил Тедеско.

Scroll to Top