Top Sport

Погребан Паоло Роси

Легендата на италијанскиот фудбал, Паоло Роси е погребан во Виченца. Претходно, неговиот ковчег беше изложен во Катедралата во Виченца. Илјадници луѓе се собраа на улиците на Виченца, да го испратат во вечното почивалиште, фудбалерот кој во 1982 година, на Италија и ја донесе светската титула.

Паоло Роси, најдобриот играч и стрелец на СП во Шпанија и освојувач на „Златната топка“ во 1982 година, почина во средата на 65 годишна возраст, по долга и тешка болест.

Ковчегот со телото на Роси, најпрвин било изложено на стадионот „Ромео Менти“ во Виченца, а потоа бил префрлен во Катедралата „Дуомо де Виченца“.

Ковчегот до катедралата го носеле неговите соиграчи од репрезентацијата со кои Роси го освои светскиот првенство во 1982 година.

Роси целата своја кариера ја мина во Италија (Јувентус, Комо, Виченца, Перуџа, Милан и Верона). Три години беше суспендиран поради аферата „Тотонеро“, меѓутоа тој целиот свој живот негираше дека бил вмешан во местењето на натпреварот Перуџа-Авелино.

Паоло Роси – Го расплака Бразил, а Италија ја искачи на светскиот врв

Scroll to Top