Top Sport

ПСЖ ќе го тужи Евра откако тој ги нарече „педери“ (видео)

Пари Сен-Жермен најави дека ќе го тужи Патрис Евра откако тој ги нарече фудбалерите на клубот „педери“ во неверојатен пост на социјалните мрежи.

ПСЖ претходно беа налутени откако поранешниот дефанзивец на Манчестер јунајтед славеше лудо на трибините на „Паркот на принцовите“ откако англискиот клуб го елиминираше ПСЖ од Лигата на шампионите, а сега преку пост на Снепчет тој објави видео снимено во такси во неделата.

„Еве го Манчестер. Престанете да навивате за тим кој никогаш нема да победува. Дури и мојот братучед кој е пред автомобилот е лут. Париз, вие сте некои педери, ви кажувам. Ние го поставивме Д-тимот и ве победивме. Некои деца кои ми ги чистеа копачките. Уште немаат сперма во себе. Париз, вие сте п.чки“, вели Евра.

Од Пари Сен-Жермен денеска официјално реагираа на ова видео.

„ПСЖ ги осудува хомофобичните изјави на Патрис Евра против клубот и нашиот поранешен фудбалер Жером Ротен. Зборовите го шокираа тимот, кој секогаш ги почитувал различностите“, се вели во објавата на ПСЖ.

Евра, кој е без клуб откако си замина од Вест хем минатата година, играше за ПСЖ во неговата јуниорска кариера од 1997 до 1998, пред да се пресели во Марсала, Италија, каде што го потпиша првиот професионален договор.

Scroll to Top