Иван Тричковски г обележа колото во првенството на Кипар. Македонскиот репрезентативец постигна четири гола во гостинската победа на АЕК Ларнака над Етникос со 5:2.
Инаку овој дуел беше мало македонско дерби покрај Тричковски во АЕК игра и Даниел Мојсов, а дресот на Етникос го носат голманот Мартин Богатинов односно Јован Костовски и Бојан Марковски.
Етиникос по првото полувреме имаше предност од 2:0 со головите на Котовски и Марковски. Во второто полувреме Тричковски го имаше своето шоу. Најпрвин го совлада Богатинов во 58 минута, Гарсија израмни на 2:2 во 79 минута, а потоа од 82 до 90 минута Тричковски постигна три гола и го постави конечниот резултат.
Тричковски е најдобар стрелец во првенството на Кипар со 15 голови.