Top Sport

Покер од голови во Кардиф, Малдини трагичар во пенал-серијата (Видео)

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Милан одиграа 2-2 во Кардиф, во рамките на Меѓународниот куп на шампионите. Победата по изведувањето на пенали им припадна на „црвените ѓаволи“.

Дуелот во Кардиф за Јунајтед беше генерална проба за новата сезона во Премиер лигата, која ќе започне наредниот викенд.

Рашфорд постигна гол за Јунајтед во 14 минута, а 12 минути подоцна израмни Сусо. На истекот на првиот час авто-гол си постигна Линделоф. Пораз на „црвените ѓаволи“ спречи Лингард со голот што го постигна во 72 минута.

На крајот Манчестер Јунајтед триумфираа по изведувањето на пенали, а клучен беше се покажа нереализираниот пенал на Даниел Малдини.

Scroll to Top