Top Sport

Ајакс се сопнаа на стартот (Видео)

Актуелните шампиони на Холандија, фудбалерите на Ајакс, со реми ја отворија новата сезона. Ајакс одиграа нерешено 2-2 против Витесе, а од пораз тимот го спаси Душан Тадиќ со прекрасен гол.

Витесе постигнаа гол преку Бероу во 13 минута, а по половина час израмни Ван де Бек. Домашниот тим до нова предност стигна во 55 минута, а 20 минути подоцна проектилот на Тадиќ заврши на вистинското место.

Аситент за голот беше потенцијалното засилување на Реал, Ван де Бек.

Scroll to Top