Поранешниот тренер на Тотенхем Маурисо Покетино вели дека би сакал да се врати во Њуелс Олд Бојс, клуб во кој ја започнал кариерата.
Покетино започнал во младинската школа на Њуелс Олд Бојс, таму ја започнал и професионалната кариера, а замина во 1994 година кога стана играч на Еспањол.
„Се надевам дека еден ден ќе се вратам во клубот.Можам да почекам. Се надевам дека тоа ќе биде за десет години. Заедно со Меси“, рекол 48 годишниот тренер алудирајќи дека кариерата во Њуелс Олд Бојс ја започнал и Лионел Меси.