Top Sport

Покетино го објави составот за мечот со Брест – на него ги нема Нејмар и Меси

Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино го објави составот на играчи на кои ќе смета за вечерашното гостување кај тимот на Брест во рамки на 3. коло од француската Лига 1.

Меѓу пријавените ги нема имињата на Нејмар и Лионел Меси.

Аргентинскиот ас неодамна се приклучи на клубот од Париз и се уште не е во натпреварувачка форма.

Слична е ситуацијата и со Нејмар. И тој заедно со меси тренираше изминатата недела, но не е во потребната форма за настап на првенствен меч.


Останува да се чека наредното гостување на „Светците“, на 29. овој месец кај Ремс, во четвртото лигашко коло за евентуално деби на Меси кој 21 сезона го носеше дресот на Барселона.

Scroll to Top