Top Sport

Шок во Синсинати – Осака елиминирана од 76. светска тенисерка

Швајцарската тенисерка Џил Тајхман направи големо изненадување во осминафиналето на тенискиот Мастерс турнир – Синсинати опен. Таа ја совлада втората светска тенисерка во моментов Наоми Осак со 2-1 во сетови – 3-6 6-3 и 6-4
Тајхман е моментно 76. на ВТА листата, но статусот на аутсајдерка не и влијаеше на мелот кој го доби за 2 часа игра.

Осака ја играше „својата игра“ само во првиот сет, а во останатите два покажа слабости.


Тајхман во четвртфиналето ќе игра против сонародничката Белинда Бенчиќ која влезе меѓу осумте најдобри откако Каролина Мухова и го предаде мечот по негатива од 7-5 и 2-1 во вториот сет.

Меѓу осумте најдобри во Синсинати има место и за Паула Бадоса Гиберт која со 6-2 и 7-5 ја победи Елена Рибакина, па закажа борба за полуфинале против Каролина Плишкова која беше подобра од Пегула со 2-0.

Четвртфиналистки од претходно се и Крејчикова која со 2-1 ја совлада Мугуруза, Петра Квитова која со 2-0 беше подобра од Жабер и првопласираната на ВТА, Ешли Барти која со 2-0 славеше победа против Викторија Азаренка.

Scroll to Top