Маурисио Покетино решил да земе одмор до крајот на сезоната, дури потоа ќе ги разгледувал понудите за работа.
Аргентинскиот тренер, од моментот кога доби отказ од Тотенхем, се поврзуваше со неколку клубови (Арсенал, Реал Мадрид, Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед).
Сите овие понуди беа во домен на медиумските шпекулации, со исклучок на една која не ги вклучува споменатите тимови.
„АС“ објави дека деновиве Покетино го одбил Бетис. Новинарот на весникот тврди дека Покетино нема да прифати ниту една понуда во текот на сезоната.
Бетис се наоѓаат на 13 место во Ла Лига, во минатото коло беа поразени пред своите гледачи од Атлетико Мадрид (1:2) поради што со отказ се соочува тренерот Рубио.
As: Mauricio Pochettino rechazó entrenar al Betis https://t.co/pbc9NemrPm
— okdiario.com (@okdiario) December 24, 2019