Манчестер јунајтед вечерва во Лигата на шампионите ќе го предводи Мајкл Керик. Асистенот на екс-тренерот, Оле Гунар Солскјер е преодно решени, додека клубот не најде тренер. Прв пик на Ед Вудворд и Уравниот одбор е Маурусио Покетино. Со ова решение е согласен и легендарниот менаџер сер Алекс Фергусон.
Маурисо Покетино се поврзуваше со Манчестер јунајтед и кон крајот на 2018 година, кога отказ доби Жозе Мурињо. Тогаш Аргентинецот не сакаше среде сезона да го напушти Тотенхем.
Сега работите се поинакви, двете страни имаа желба да започнат соработка. Размислувањата на Покетино се поинакви од оние кои ги имаше во 2018 година. Аргентинецот е тренер на ПСЖ, но не се противи среде сезона да го напушти Париз.
Покетино тешко се справува со ѕвездите и нивните големи ега во соблекувалната на ПСЖ.
Ако е за верување, ПСЖ би го пуштиле Покетино, нивна мета е Зинедин Зидан до кого веќе испратиле понуда.
Јунајтед, доколку го сакаат сега Покетино ќе мора да платат 12 милиони евра, доколку пак замине по завршувањето на сезоната обесштетувањето двојно ќе се намали.
Интересно, Покетино од денес е во Манчестер, неговиот тим утре ќе игра против Манчестер сити во Лигата на шампионите.