Top Sport

„Покетино ќе ја одбие Барса, ќе оди во Баерн“

Радио Монте Карло тврди дека Маурисио Покетино нема да има проблем да најде работа и дека пред него стојат две опции. Аргентинецот во вторникот по пет и пол години ги напушти Тотенхем.

Маурицио Покетино во периодот додека работеше во Тотенхем се наметна како еден од најдобрите тренери во светот. За неговото име е врзан најголемиот успех во историјата на Тотенхем (минатата сезона играа финале во Лигата на шампионите), а заслужен е за целосна афирмација на неколкумина фудбалери, кои сега се светски ѕвезди.

Лошата сезона во Премиер лигата и катастрофалниот пораз од Баерн (2:7) во Лигата на шампионите придонесоа тој да се раздели со клубот.

Радио Монте Карло тврди дека Баерн Минхен и Барселона сериозно биле заинтересирани за аргентинскиот тренер и наведува дека во предност се Баварците.

Според овој извор од почит кон Еспањол, Покетино ќе ја одбие понудата на Барселона. Покетино бил играч на Еспањол, а во овој клуб ја започнал тренерската кариера.

Поради тоа Баерн биле фаворити за неговиот потпис. Доколку двете страни постигнат договор Покетино за време на зимската пауза би го презел најславниот германски клуб.

Scroll to Top