Top Sport

Хамилтон: Животот нема да ми заврши кога ќе се повлечам од Ф1

Луис Хамилтон, шесткратен шампион во Формула 1, рекол дека не размислува за крајот на кариерата и дека во Формула 1 не влегол поради парите. Возачот на Мерцедес прогнозира дека во 2020 година ќе се води голема борба за титулата.

„Не влегов во Ф1 поради парите. Секако добро е кога заработуваш од тоа што го работиш, тоа е бонусот. Се додека парите не ми станат најважниот фактор ќе се тркам. Јас сакам да се тркам, сакам предизвици“, рекол Хамилтон во интервју на Би-би-си.

Британецот дополнил дека не се плаши од крајот на кариерата и од пензионирањето.

„За спортистите тој ден е најтажен. оставаш нешто што си рабел цел живот. Но, јас имам и други работи на кои можам да им се посветам. Влезен со во модниот бизнис, тоа засега добро ми оди, иако не знам колку долго ќе трае. Важно е што се интересиран и за други работи. Знам дека нема да ми заврши живото во моментот кога ќе се повлечам од Формула 1“.

Луис Хамилтон во кариерата има освоено шест титули светски првак, забележал вкупно 83 победи. На вечната листа со 91 победа пред него се наоѓа само Михаел Шумахер.

Scroll to Top