Top Sport

Покетино: Му се восхитувам на Гвардиола, нема подобар од него

Во пресрет на натпреварот помеѓу ПСЖ и Манчестер сити, во Лигата на шампионите, тренерот на „светците“, Маурисио Покетино, рекол дека му се восхитува на својот колега, Пеп Гвардиола.

„Нема подобар од Пеп. Му се восхитувам, мислам дека фантастично си ја извршува работата. Тој е неверојатен тренер, секогаш смислува нови стратегии и тактики. Сакам да ги предизвикувам неговите тимови“, рекол Покетино.

ПСЖ, во првиот полу-финален натпревар, утре од 21 часот, ќе го пречека Манчестер сити во Париз.

Scroll to Top