Top Sport

Покетино: Очекувам да го вклучиме „авто пилотот“

Маурисио Покетино, менаџерот на Тотенхем, во пресрет на утрешното финале во Лигата на шампионите, во кое неговиот тим ќе игра против Ливерпул, одржа прес конференција. Тој верува дека неговите играчи низ текот на целата сезона покажале дека можат да се носат со стресот.

„Сите проблеми со кои се соочивме низ сезоната направија да бидеме посилни како група. Покажавме дека вербата и напорната работа можат да се исплатат во фудбалот. Покажавме дека сме силни како тим, дека имаме натпреварувачки карактер. Сакаме да испишеме историја и тоа знаеме како да го направиме тоа“, рекол Покетино.

Аргентинскиот тренер во финишот на сезоната на располагање ќе ги има сите играчи. Во тимот по пауза од 40 дена се враќа и капитенот Хари Кејн, но Покетино не е сигурен дали тој ќе биде во стартната постава.

„Нема да биде лесна таа одлука. На теренот может да излезат 11 играчи. Важна ќе ни биде енергијата и на оние што нема да бидат на теренот. Фудбалот е колективен спорт“.

Тимовите три недели се подготвуваа за финалето, а Покетино вели дека тој период е искористен на најдобар можен начин и очекува неговите играчи во Мадрид да го вклучат „авто пилотот“.

„Фудбалот зависи од играчите, тие на теренот решаваат околу победникот. Ние од страна имаме помало влијание. Пред три недели имавме поголемо влијание кога го подготвувавме тимот, сега нашето влијание опаѓа. Сега треба да ги убедиме играчите дека можат да победат“, заклучил Покетино.

Тотенхем и Ливерпул, утре од 21 часот ќе се борат за европската титула во Мадрид на стадионот „Ванда Метрополитано“.

Scroll to Top