Top Sport

Сари добил дозвола да го напушти Челси

Челниците на Челси му дале зелено светло на тренерот Маурицио Сари да го преземе Јувентус, објави вечерва „Спорт Италија“.

Според истиот извор, информацијата дека Сари добил раскин на договорот, ја објавил новинар кој воедно бил и близок пријател на тренерот на Челси.

Сари, во средата, успеа со Челси да ја освои Лига Европа, што е негов прв трофеј во кариерата долга 29 години. Тој изразил желба да си замине, а клубот во клубот не сакале да му прават проблем.

Сари една сезона го предводеше Челси. Тој со „сините“ го освои третото место во Премиер лигата и играше во финалето во Карабао купот.

Scroll to Top