Top Sport

КК Цедевита се сели во Љубљана

Кошаркарскиот клуб Цедевита ги потврди информациите на „Спортклуб“ дека клубот најверојатно од Загреб ќе се пресели во Љубљана. Вчера, Цибона ја прекина петгодишната доминација на Цедевита во првенството на Хрватска, откако со чисти 4-0 ја доби финалната серија.

Челникот на Цедевита, Емил Тедески, за „Спортклуб“ потврдил дека се водат преговори за заеднички проект со Петрол Олимпија.

„Со големо задоволство можеме да потврдиме дека во тек се преговори со партнерите од Словенија, односно со кошаркарскиот клуб Петрол Олимпија. Деталите ќе ги претставиме на прес конференцијата која ќе се одржи во вторник на 4 јуни во салата „Стожице“ во Љубљана. За проектот ќе говорат претседателите на Олимпија и Цедевита, Томаж Берлочник и Емил Тедески.“

Првиот човек на Цедевита не е задоволен од статусот што го има клубот во Загреб. Низ годините, дури и кога Цедевита играше во Евролигата, клубот не ја доби вистинската поддршка.

Scroll to Top