Top Sport

Покетино: Поради новиот стадион и Брегзитот не купивме никого

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино, вели дека е задоволен со тимот што го има, дека е презадоволен што Хари Кејн остана во клубот, а како главни причини што клубот не пазареше во преодниот рок ги наведе Брегзитот и изградбата на новиот стадион.

Тотенхем влезе во историјата на Премиер лигата, бидејќи не донесе ниту еден играч во преодниот рок, а во исто време ниту еден фудбалер не го напушти клубот.

„Имаме добар тим. Имаме добри играчи и во таква ситуација не е лесно да се донесе играш што би претставувал засилување. Покрај тоа не продадовме ниту еден играч. Кога имате 25 фудбалери тоа само ја отежнува работата. Играчите што ние ги сакаме се оние истите што ги сакаат и Реал Мадрид, Манчестер јунајтед или Манчестер сити, но од повеќе причини ние не можеме да ги донесеме. Кога веќе не можеш да донесеш ништо, најважное е да се погрижиш да го задржиш она што го имаш. Градиме нов стадион, наскоро ќе биде готов. Тоа е голема инвестиција, речиси една милијарда фунти. Тоа е вистината не верувајте во приказните дека чини 400 милиони фунти. А и ситуацијата со Брегзитот ги зголеми трошоците за 30 отсто. Тоа е вистинска драма и навистина ми е жал за англискиот народ“, рекол Покетино.

Scroll to Top