Top Sport

Покетино: Пред да умрам ќе бидам шампион со Тотенхем!

Поранешниот менаџер на Тотенхем, Маурисио Покетино порача дека ќе се врати меѓу „петлите“ и со клубот ќе стане шампион.

Човекот кој стигна на дофат до титулата во ЛШ, човекот под чија команда Тотенхем играше убав и ефикасен фудбал има јасна животна мисија, да се врати на северот на Лондон и да му донесе на клубот голем торфеј, нешто што навивачите го чекаат од 1961 година.

„Моето патување со Тотенхем беше неверојатно, кое се заврши на начин кој никој не го поакуваше. Длабоко во душата, во срцето сум сигурен дека нашите патишта пак ќе се вкрстат. Бевме многу блиску до титулите во Премисли га и ЛШ. Моја цел е да се вратам затоа што мислам дека се работи за посебен клуб со посебни навивачи. Можеби за 5, можеби за 10 години, пред да умрам сакам да го водам Тотенхем и да освојам титула“ – рече Покетино.

Информациите се дека Њукасл сака да го постави Покетино на кормилото на клубот.

Scroll to Top