Top Sport

Покрај Фаџоли, Тонали и Заниоло истрага за нелегално кладење се води за уште најмалку десет фудбалери

Голем скандал со нелегално обложување го тресе италијанскиот фудбал. Прв падна фудбалерот на Јувентус, Николо Фаџоли, а вчера во полициска станица завршија репрезентативците Сандро Тонали и Николо Заниоло. Полицијата од тренинг го однесе на распит, а откако дадоа искази беа отсранети од националниот тим.

Италијанската полиција се сомнева дека повеќе од десет италијански фудбалери учествувале во нелегално обложување во последните месеци.

Весникот „Ла Република“ тврди дека покрај Фаџоли истрага се води за уште еден фудбалер на Јувентус.

„Ла Република“ во денешното издание ја пренесува веста дека уште десет играчи се вмешани во недозволени обложувања.

Истрагата, која трае со недели, била фокусирана на активности на криминална група, но полицијата случајно дошла до името на Николо Фаџоли, кој во последните 18 месеци, како што било утврдено, вложил 100.000 евра на облози.

Скандалот е толку голем што осомничените играчи лесно би можеле долго да бидат исфрлени од фудбалот доколку се докаже дека се занимавале со нелегално обложување.

Има опција да им се изрече поблага казна доколку соработуваат со полиција.

Во спротивно би можеле да се соочат со максимална казна која предвидува суспензија од три години.

Scroll to Top