Top Sport

Зизу се враќа во Мадрид?

Зинедин Зидан е најсериозниот кандидат да го замени Карло Анчелоти на клупата на Реал Мадрид.

Италијанскиот стручњак по завршувањето на сезоната ќе го напушти „кралскиот клуб“. Анчелоти ќе ја преземе фудбалската репрезентација на Бразил.

Шпанските медиуми тврдат дека Зиндан повторно ќе го наследи Анчелоти. Причина за ваквата одлука на Флорентино Перез е Килијан Мбапе, кој исклучително го цени Зедин.

„Зидан е првата опција, бидејќи добро знае како функционираат работите во Мадрид. Исто така, тој е силен адут за доаѓањето на Килијан Мбапе“, пишуваат медиумите во Шпанија.

Славниот француски ас во два мандати го водеше Реал Мадрид. Тој освои три Лиги на шампиони, две титули во шпанскиот шампионат.

Scroll to Top