Кристијано Роналдо преку Инстаграм им прати порака на португалските фанови дека ќе биде подготвен за ибериското дерби против Шпанија и покрај тоа што доби повреда при вчерашната 4:0 победа над Чешка.
Петкратниот освојувач на „Златната топка“ остана со крвав нос при судирот со чешкиот голман Томаш Вацлик на 13 минути пред крајот на натпреварот. Ова не му пречеше потоа да му асистира на соиграчот од Манчестер јунајтед, Диого Далот за неговиот втор гол.
„Одличен меч, важна тимска победа! Остануваме фокусирани на нашата цел. Благодарност до португалската публика за фантастичната поддршка“, напиша Роналдо на Инстаграм, најавувајќи дека ќе биде подготвен за мечот со Шпанија во вторник.
Cristiano Ronaldo vs Tomas Vaclik pic.twitter.com/xSVK6UHSqC
— football (@football0ff) September 24, 2022
Cristiano Ronaldo'nun Tomáš Vaclík ile çarpıştığı an!
Detaylar ??https://t.co/SA9Yq2AHkZ #BahseGel??https://t.co/GgkhJaJdzj pic.twitter.com/PIlx9A5XBY
— BahsegelAbi (@bahsegel_abi) September 24, 2022