Додека во Премиерлигата и новите прволигаши како Нотингем форест и Фулам потрошија стотици милиони евра на трансфери во преодниот рок, новиот италијански прволигаш Лече откри дека потрошиле скромни 3.5 милиони евра, и дека за плати на сите играчи во тимот плаќаат вкупно 8 милиони евра, или точно колку што Јувентус го плаќа Пол Погба.
Лече минатата сезона ја освоија титулата во Серија Б, а оваа година добро ги намчија Интер и Сасуоло, пред да одиграат 1:1 со Емполи и Наполи. Нивниот спортски директор Панталео Корвино е легенда на италијанскиот фудбал поради неговите трансфери и тој се врати во Лече по период во кој работеше со Фиорентина.
Лече донесе неверојатни 22 фудбалери ова лето, вклучувајќи го Самуел Умтити од Барселона и Марин Понграчич од Волфсбург, но Корвино откри дека тие потрошиле само 3.5 милиони евра.
? Il punto sulla Campagna Trasferimenti 2022/23: il video della conferenza stampa del responsabile dell'Area Tecnica, Pantaleo Corvino e del direttore sportivo, Stefano Trinchera.https://t.co/yWU3b5y9fZ pic.twitter.com/cY6zB02PAs
— U.S. Lecce (@OfficialUSLecce) September 2, 2022