Речиси половина репрезентативци на Белгија ја одбиле шансата да добијат вакцина за КОВИД-19 пред Евро 2020, бидејќи сметале дека можните контраефекти можат да им ја нарушат формата на првенството, тврдат белгиските медиуми.
Белгиската влада дала зелено светло сите фудбалери да бидат вакцинирани пред шампионатот, и дел од фудбалерите (Тоби Алдервајрелд, Тимоти Кастањ, Тибо Куртоа и Томас Вермален) се решиле да добијат вакцина на „Фајзер“, но дека голем број од неименуваните фудбалери сметале дека со вакцина пред шампионатот ќе им се намалат шансите за добар резултат. Официјално од вакината се можни главоболки, чувство на умор, болки во мускулите, треска и болка во зглобовите, со 10 отсто од вакцинираните со вакви контраефекти.