Еден од најдобрите дански фудбалери на ЕУРО 2020, Микел Домсгард, го привлече вниманието на големите клубови. Домсгард е играч на Сампдорија, а неговата цена е 40 милиони евра.
Во текот на првенството интерес за 21-годишниот фудбалер покажаа Барселона, Интер, Ливерпул, Евертон, Милан, Јувентус и Рома. Последен клуб кој се поврзува со Домагард е Реал Мадрид.
Домагард со Данска стигна до полу-финалето на Европското првенство. Овој фудбалер го постигна единствениот гол од слободен удар на ЕУРО 2020.