Top Sport

Сенегалски напаѓач пристигна во Виљареал

Виљареал сериозно се засилува за настап во Лигата на шампионите. Актуелниот освојувач на Лига Европа, потврди дека нов играч на тимот е Булаје Дија.

Дија, минатата сезона настапуваше за Рен, во Лига 1. Сезоната ја заврши со 16 постигнати голови.

Интерес за Сенегалецот имаше и кај Вест Хем, меѓутоа тој сакал да игра во Лигата на шампионите. Тој во Виљареал ќе го замени Карлос Бака, кој како слобден играч го напушти клубот.

Виљареал пред Дија се засили со Хуан Фојт, чии договор клубот го откупи од Тотенхем и со Аиса Манди кој како слободен играч пристигна до Бетис.

Scroll to Top