Фудбалерите на Галзгов Ренџерс убедливо го совладаа Селтик на „Ајброкс“ со 3:0 (2:0) во 35. коло од домашниот шампионат.
Прашањето за шампионот е веќе познато и Селтик без мотиви дојде на „Ајброкс“. За разлика од Селтик, Ренџерс влегоа мотивирани во „Олд Фирм“ дербито.
„Полицајците“ до предност дојдоа во раната фаза од натпреварот со голот на Тод Кантвел по лошата реакција на ветеранот Џо Харт.
Во средишницата на првото полувреме Џон Сутер ја искористи асистенцијата на Таварние за 2:0, а во 70. минута одличниот Фешн Сакала ги постигна конечните 3:0.
Двата тима убедливо се одвоија на врвот на табелата каде Селтик сега има 10 бода повеќе од Ренџерс.