Ентони Бурк, 40-годишниот навивач на Манчестер сити кој правеше расистички гестикулации кон фудбалерот на Манчестер јунајтед, Фред за време на вчерашното дерби, утрово е уапсен од локалната полиција, јавуваат британските медиуми.
Бурк, поранешен британски војник беше фатен од камерите како прави мајмунски гестикулации кон Фред во моментите кога Бразилецот изведуваше корнер, а друг дел од навивачите го нападнаа со запалки и други објекти.
„Ниту овој идиот не може да го уништи чувството. Срамно однесување, никогаш нема оправдување за расизам“, напиша крилото на Јунајтед, Џеси Лингард на Твитер.
Самиот Фред призна дека бил навреден.
„За жал, уште живееме во назадно општество. Срамота е што уште треба да живееме со ова во 2019. На теренот не видов ништо, но ми покажаа потоа во соблекувалната. Се обидувам да не мислам за тоа. Се случува тука, се случуваше и кога играв во Украина“, изјави Фред.
#ManchesterDerby can’t wait to hear the ambassador of anti racism defend the home fans that were monkey chanting Fred pic.twitter.com/DxReRaqjvG
— MisterTee (@NewForesteer) December 7, 2019