Top Sport

Полицијата и стјуардите помагале ултрасите на Интер да ги „тераат“ обичните гледачи од стадион?

Новит италијански министер за спорт, Андреа Абоди, потврди дека ќе ги испита деталите од вчерашниот меч помеѓу Интер и Сампдорија, откако се објавија детали дека полицијата и стјуардите активно помагале на ултрасите на Интер да ги истераат од стадионот обичните гледачи во чест на лидерот на навивачките групи на Курва Норд, Виторио Бојоки.

69-годишниот Бојоки, со долго криминално досие и со 26 години поминати во затвор за трговија со дрога и киднапирање, беше убиен пред својата куќа во предградијата на Милано во петокот, наводно од заседа, и во знак на протест, Курв Норд на полувреме го напушти стадионот и ги зема своите знамиња и банери. Но, покрај тоа, тие на сила натерале и групи на обични навивачи да го напуштат „Сан Сиро“, за што многумина се пожалија на социјалните мрежи.

Според италијанските медиуми, не само што стјуардите и полицијата стоеле на страна, туку активно помагале да се „расчисти“ областа на стадионот и ги блокирале влезовите на другите сектори на тие кои биле истерани.

Scroll to Top