Top Sport

Полицијата на британскиот остров Џерзи му се извини на Роман Абрамович

Поранешниот газда на Челси, Роман Абрамович доби отштета и извинување од полицијата на островот Џерзи, кој се наоѓа во Ла Манш поради претресот кој го извеле на неговиот имот на островот, јавува „Ројтерс“ и „Вол стрит џурнал“.

Велика Британија го постави рускиот милијардер на листата на санкционирани личности поради блискоста до рускиот претседател Владимир Путин, по што то беше приморан да го продаде фудбалскиот клуб Челси на американски инвеститори предводени од Тод Бели.

Џерси, кој не е дел од Англија и има широка локална самоуправа иако е дел од Велика Британија, во април објави замрзнување на имотот на Абрамович во вредност од 7 милијарди долари и изврши претрес во неговата куќа во градот Сен Хелиер, запленувајќи документи и компјутери. Меѓутоа, две недели подоцна, полицијата ги врати запленетите работи, а сега му даде приватно извинување поради „нелегалниот претрес“.

„Роман Абрамович секогаш ги почитувал законите и задоволни сме што полицијата во Џерзи го призна тоа во случајот со незаконските претреси“, изјави портпаролката на Абрамович.

Абрамович го направи своето богатство со тргување со нафта и други ресурси во 1990-тите, а порано беше и гувернер на областа Чукотка на далечниот Исток во 2000-тите. Тој го купи Челси во 2003 година.

Scroll to Top