Top Sport

Станковиќ: Ако јас сум проблемот во Сампдорија, ќе си заминам

Тренерот на Сампдорија, Дејан Станковиќ вели дека ако тој биде сметан како проблем во тимот, е подготвен веднаш да си замине по новиот пораз од Торино вчера (2:0)

Поранешниот тренер на Црвена звезда освои само четири поени во првите шест меча на чело на клубот од Џенова, вклучувајќи ги трите порази во последните три кола.

„Ако јас сум проблемот, ќе си заминам. Зборувам само во мое име и за мене. Но, тогаш, ќе треба да направиме анализа дали сите го дале својот максимум. Прво мора да се фокусираме на следниот меч со Лече. Сите се обидуваме да го дадеме максимумот, но целосно ги сфаќам критиките“, вели Станковиќ за „Ла газета дело спорт“.

Србинот доби црвен картон во второто полувреме против Торино, но демантира дека го навредувал судијата.

„Трчав кон Радоњиќ за да му кажам на српски да ја шутне топката во аут, бидејќи Ринкон беше повреден. Тренерот на Торино, Иван Јуриќ ми кажа: ‘Само оди си, инаку ќе ти дадат суспензија од пет меча’“, додава Станковиќ.

Scroll to Top