Top Sport

Политано го продолжи договорот со Наполи

Фудбалерот на Наполи и италијански репрезентативец Матео Политано го продолжи договорот до 30 јуни 2027 година, соопшти денеска клубот од Неапол.

Политано имаше договор со клубот до крајот на сезоната. Италијанските медиуми потсетуваат дека фудбалерот на Наполи одбил неколку понуди од клубови од Саудиска Арабија, бидејќи сакал да остане во Серија А.

Политано (30) е член на Наполи од 2020 година, а за клубот од Неапол одигра 174 натпревари и постигна 29 голови. Минатата сезона со Наполи ја освои титулата во Серија А, а во 2020 година и Купот на Италија.

Политано претходно играше за Интер, Сасуоло, Пескара, Перуџа и Рома. Се појави на 12 натпревари за италијанската репрезентација и три пати се запиша во листата на стрелци.

Наполи моментално е на деветтото место на табелата во Серија А со 32 бода.

Scroll to Top