Top Sport

Ван Дaјк: Целосно сум посветен на Ливерпул, ништо не се смени

Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк денеска изјави дека е 100 отсто посветен на клубот и додаде дека неговите неодамнешни коментари за неговата иднина во клубот од „Енфилд“ се „извадени од контекст“, пренесува „Скај спортс“.

Британските медиуми потсетуваат дека Ван Дајк пред неколку дена изјави дека не е сигурен дали во иднина ќе игра за Ливерпул.

„Многу работи беа извадени од контекст. Да бидам јасен, јас сум целосно посветен на клубот. Го сакам клубот, ги сакам навивачите. Се беше извадено од контекст – изјави Ван Дајк, пренесува „Скај спортс Германија“.

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп пред пет дена објави дека ќе го напушти клубот од „Енфилд“ на крајот од сезоната.

„Ништо не се смени, не се работи за мене. Пред пет дена не ни зборувавме за мојот договор. Најавата на Клоп беше голем шок за сите нас кои сме поврзани со клубот. Сакаме да продолжиме и да ги оствариме целите за кои сонувавме од почетокот на сезоната. Ние сме во добра позиција и ќе дадеме се од себе. Целосно сум посветен на клубот и многу го сакам. Ја сакам секоја секунда во овој клуб. Јас сум капитен на Ливерпул“, изјави холандскиот фудбалер.

Ван Дајк има договор со Ливерпул до јуни 2025 година.

Scroll to Top