Претседателот на Полската фудбалска федерација, Цезари Кулеша е незадоволен од одлуката на Светската фудбалска федерација (ФИФА) да дозволи Русија да се натпреварува пред закажаниот бараж на 24 март, откако ФИФА реши дека Русите ќе играат без химна и знаме и под името „Фудбалска федерација на Русија“.
„Денешната одлука на ФИФА е целосно неприфатлива. Не сме заинтересираи да учествуваме во оваа игра на претставување. Нашата позиција останува јасна – полската репрезентација нема да игра со Русија, без разлика какво е името на тимот“, објави Кулеша.