Полска со два гола во последните 20 минути од мечот успеа да направи пресврт и да стигне до 2:1 победа над Велс на отварањето на новата сезона во Лигата на нации на УЕФА.
Џонатан Вилијамс во дебито за Велс во Лига А, ги донесе гостите во водство во 52. минута од мечот, пред во 72. минута Јакуб Камински да израмни за Полјаците. Победата беше обезбедена во 85. минута, кога обидот на Роберт Левандовски беше пренасочен од Карол Швидерски за три поени за Полска.
Во тешката група 4 со Велс и Полска се уште и Холандија и Белгија.