Top Sport

Полска со камбек до победа над Велс на отварањето на новата сезона во Лигата на нации

Полска со два гола во последните 20 минути од мечот успеа да направи пресврт и да стигне до 2:1 победа над Велс на отварањето на новата сезона во Лигата на нации на УЕФА.

Џонатан Вилијамс во дебито за Велс во Лига А, ги донесе гостите во водство во 52. минута од мечот, пред во 72. минута Јакуб Камински да израмни за Полјаците. Победата беше обезбедена во 85. минута, кога обидот на Роберт Левандовски беше пренасочен од Карол Швидерски за три поени за Полска.

Во тешката група 4 со Велс и Полска се уште и Холандија и Белгија.

Scroll to Top