Првото „Ел класико“ оваа сезона нема да биде запаметено по „атомскиот“ фудбал, откако Барселона и Реал Мадрид во одложениот меч на „Ноу Камп“ поради политичката нестабилност во Каталонија немаа сили да ја затресат мрежата и резултатот беше неатрактивни 0:0.
Честа да го стартува мечот имаше Мото ГП шампионот, Марк Маркез, кој е Каталонец и страствен навивач на Барселона.
What a moment for this special Barça supporter!! ?
2019 #MotoGP World Champion @marcmarquez93 took the honorary kick-off ⚽️ ahead of @LaLigaEN match between @FCBarcelona and @realmadrid at Camp Nou tonight ? #ElClásico pic.twitter.com/gf3zBfMTSd
— MotoGP™ (@MotoGP) December 18, 2019
Реал Мадрид имаа подобар старт на мечот, играјќи напаѓачки и ставајќи го Марк-Андре Тер Штеген под притисок. Германецот имаше неколку убави одбрани, а Жерард Пике мораше да интервенира да го спречи Касемиро да го отвори резултатот. Неочекувано, Мадрид имаше повеќе од топката во нозете и не дозволи Барса да го диктира темпото. Барселона во првото полувреме имаше убави шанси прво преку Лео Меси, кога интервенираше рекордерот по број на настапи на „Ел класико“, Серхио Рамос, а потоа и Жорди Алба кој од десетина метри беше непрецизен по додавањето на Меси.
Фановите на Реал секако, сметаа дека имаше два недосудени пенали за „кралскиот“ клуб, прво за ударот над Варан, а потоа и за влечењето на дрес на истиот фудбалер.
Real Madrid denied “two penalties in two minutes”, says AS resident refhttps://t.co/1Krflm6jJZ
— AS English (@English_AS) December 18, 2019
Реал повторно ја имаше иницијативата на стартот на вторите 45 минути, пред „Блауграна“ да се врати во игра по првиот час, кога прво бараа пенал по стартот на Рамос над Луис Суарез, а веднаш потоа, Меси да има редок слаб момент, кога лошо реагираше по додавањето од Гризман.
Во 72. минута, Мадрид, конечно, дојде до голот на Тер Штеген, откако Герет Бејл лесно ја уфрли топката во голот по нафрлањето на Менди, меѓутоа ВАР-системот одлучи дека Менди бил во офсајд при додавањето од Касемиро.
Веднаш потоа во 75. минута, Гризман и Суарез убаво ја отворија одбраната на Реал, за Видал да го проигра Суарез, кој шутира над голот. Тинејџерот Ансу Фати доби чест да го игра првото „Ел класико“ како замена за Гризман, и неговото присуство на теренот веднаш се забележа откако во 87. минута изведе убав корнер, кој Суарез не успеа да го „реши“.
Со овој резултат, Барселона останува на првото место во Ла лига со 36 поени, колку што има и Реал Мадрид на второто место, и на пет поени пред третопласираната Севилја.