Хулен Лоптеги, по победата на Реал над Викторија Плзен (2:1) доби поддршка од спортскиот директор Емилио Бутрагењо дека тој ќе го води тимот и в недела, кога „кралскиот клуб“ ќе гостува во Барселона.
Серијата на лоши резултат во која се наоѓа Реал ги засилија шпекулациите дека отказот за Лопетеги е подготвен и дека ќе му биде врачен доколку Реал биде поразен во дербито од Барселона.
Меѓутоа, денес, медиумите во Шпанија пишуваат дека евентуалниот отказ скапо ќе го чини клубот. Доколку добие отказ, Лопетеги ќе треба да добие и сума од 18 милиони евра. Толку пари на тренерот му се загарантирани со договорот што го потпишал, а кој истекува во јуни 2021 година.
Според Шпанците, само сумата што треба да ја исплати доколку предвреме тренерот добие отказ, го спасила Лоетеги, чии тим еден месец немаше победа.