УЕФА ќе ги менува правилата на финансискиот ферплеј (ФФП), откако Челси успешно избегна прекршување на овие правила со давање на долгочни договори, тврди „Тајмс“. Европската федерација сака да ја затвори оваа „дупка“ во сопствените правила со лимитирање на договори на пет години.
Челси се на насловните страници на светските медиуми откако потрошија стотина милиони фунти на трансфери под новиот газда Тод Бели, но и поради невообичаено долгите договори кои ги дадоа на засилувањата – Михајло Мудрик потпиша осумиполгодишен договор, додека Беноа Бадијашил потпиша седумиполгодишен договор. Со ова, покрај тоа што ги обврзуваат фудбалерите на подолги договори, добиваат простор за финансискиот ферплеј бидејќи трошоците се „развлечени“ на повеќе години.
Според предложените промени, УЕФА би сакала да ги ограничи договорите на пет години. Од друга страна, Челси не планираат да престанат – повторно се заинтересирани за Енцо Фернандез од Бенфика, а наводно сакаат и двајца фудбалери на Евертон до крајот на преодниот рок.