Тренерот на младинските категории на Реал Мадрид, Алваро Бенито, добил отказ поради критиките што ги упатил кон одредени играчи, по елиминацијата на „кралскиот клуб“ во полу-финалето на националниот Куп.
„Винисиус е благословена експлозија, сите не изненади. Проблем е што постојат играчи како Каземиро што не би требале да играат ниту една минута. Ни Крос не би требало да игра“, изјавил Бенито за радиото „Кадена СЕР“.
ÁLVARO BENITO en @carrusel
"Vinicius es una bendita irrupción, nos ha sorprendido a todos y da un nivelón. Es un juvenil pero desequilibra el ataque en los dos equipos"
"El problema es que hay jugadores como Casemiro que no está ni para jugar un minuto. Y Kroos parecido"
— Carrusel Deportivo (@carrusel) February 27, 2019
Алваро Бенито е дел од генерацијата на Гути, дебитирал за Реал во 1995 година, но го спречиле да се наметне во „кралскиот клуб“, а кариерата ја завршил во Хетафе.
Поради овој коментар тој добил отказ, иако не е единствениот со такво мислење. И поранешниот играч и тренер на Реал, Бернд Шустер, смета дека редот за врска е клучниот проблем во играта на Реал оваа сезона.
„Реал во редот за врска нема ништо, има една голема дупка. Крос пропадна, потсетува на трактор со дизел мотор“, рекол контроверзниот Германец кој во сезоната 2007/2008 како тренер со реал го освои првенството и Суперкупот на Шпанија.