Поранешниот репрезентативец на Италија Марко Матераци се присетил на финалниот меч на Светското првенство во 2006 година. Италија, во Берлин, ја победи Франција по изведувањето на пенали, меѓутоа финалето се памети црвениот картон што го доби Зинедин Зидан.
На неколку минути до крајот на продолженијата Зидан го удри Матераци, судијата му покажа црвен картон. Славниот Французин на тој начин неславно ја заврши кариерата.
Интересно, Зидан и Матераци ги постигнаа головите за своите репрезентации.
„Зидан го бранеа Французите, а мене ме напаѓаа моите сонародници. Тука не видов вистински Италијанци“, рекол Матераци и продолжил во свој стил.
„Луѓето кои ме критикуваа требаа да ја бакнуваат земјата на која што стоев. Поради сѐ она што го направив во фудбалот“.
„Патриот сум, секогаш ќе ги бранам боите на италија. Критиките упатени на моја сметка по Светското првенство најмногу ме погодија“, го заклучил разговорот Матераци со еден познат италијански новинар што го водел на „Инстаграм“.