Фудбалската репрезентација на Словенија се подготвува за последните две квалификациски средби во Г-групата. Екипата на селекторот Матијаж Кек на 16 ноември ќе ја пречека Латвија, а три дена подоцна ќе гостува во Варшава кај Полска.
За овие натпревари Словенците се подготвуваат во Копер, а не во Националниот центар „Брдо“ во чија изградба, со помош на УЕФА, се вложени девет милиони евра.
Во склоп на центарот има деловен објект и четири терени за тренин, но Словенците не можат да тренираат таму бидејќи не можат да ги користат рефлекторите поради заштитениот вид на јапонски пеперутки чие живеалиште е во тој регион.
Инаку во оваа група на 16 ноември покрај Словенија и Латвија ќе играат уште Австрија и Македонја, односно Израел и Полска. На 19 декември на програмата се дуелите Полска-Словенија, Македонија-Израел и Латвија-Австрија.
На две кола до крајот во Г-групата лидер е Полска со 19 бода и обезбеден пласман на ЕУРО 2020, Австрија има 16 поени, а Македонија, Словенија и Израел имаат по 11 бода, без освоен бод е Латвија.