Синоќа Англија ја прегази Бугарија среде Софија со 6:0, а покрај тоа што беа катастрофално поразени Бугарите се соочуваат со жестока казна. Натпреварот два пати бил прекинат поради расистички испади.
Првиот прекин во Софија се случил во 28 минута, при водство на Англија 2:0, откако Тајрон Мингс го прашал судијата дали ги слуша повиците од трибините.
Иако биле предупредени дека доколку продолжат да „дивеат“ мечот ќе биде прекинат дел од гледачите продолжиле во ист ритам.
Поради тоа играта била прекината во 43 минута, а судијата дозволил таа да продолжи по консултациите со англискиот селектор Герет Саутгејт.
Челниците на Фудбалската асоцијација на Англија биле огорчени поради расистичкото однесување и најавиле дека ќе бараат итна реакција од УЕФА. Од друга страна Бугарите се соочени со жестока казна бидејќи поради расистички испади веќе биле казнувани во минатото и тоа за натпреварите против Косово и Чешка.