Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) на фудбалерот на Тотенхем Деле Али му изрече суспензија од еден натпревар поради видео-клипот во кој тој се потсмеваше со луѓето во Кина и коронавирусот.
Во февруари фудбалерот на Снепчет објави видео во кое вели дека „коронавирусот мора да биде побрз од мене за да ме стигне“.
Откако неговата објава наиде на море од критики тој го избриша видеото и јавно се извини.
„Здраво луѓе. Сакам да се извинам поради видеото кое го објавив. Не самам да имате лошо мислење за мене, тоа не беше смешно, веднаш го избришав. Со вакви работи не треба да се шегуваме. На испраќам љубов на луѓето во Кина“.
Покрај суспензијата ФА го казни и парично Али со 50.000 фунти, а исто така ќе мора да оди на едукативен курс.
Првиот натпревар по паузата поради коронавирусот Тотенхем ќе го одигра на 19 јуни против Манчестер Јунајтед.